Image Image Image Image Image Image Image Image Image Image
Scroll to top

Top

INFRA-NAT Workshop

INFRA-NAT Workshop

| On 03, Oct 2018

Во рамките на Европскиот проект Infra-NAT од рамковата програма Horizon 2020, во текот на 02 и 03 Октомври 2018 г., ИЗИИС е домаќин на втората проектна работилница со наслов „Bridge Exposure Data Collection“ во рамките на која покрај учесниците од партнер земјите (Италија, Израел и Македонија) активно се вклучија и учесници од Градот Скопје, ЈП за држани патишта, ЈП Македонија пат и преставници од Општина Велес. Проектот Infra-NAT (Increased Resilience of Critical Infrastructure to Natural and Human-Induced Hazards) има за цел зголемување на отпорноста на мостовската инфраструктура под дејство на сеизмичкиот, но и хазардот од стареење/детериорација. Раководителот на проектот проф. д-р Gian Michele Calvi (EUCENTRE, Италија) и раководителот на проектот од ИЗИИС, проф. д-р Влатко Шешов ги поздравија учесниците и ја изразија важноста на оваа заедничка иницијатива.


http://www.eucentre.it/infra-nat-project/?lang=en