Image Image Image Image Image Image Image Image Image Image
Scroll to top

Top

Конкурс за стипендирање на студенти на втор циклус студии

Конкурс за стипендирање на студенти на втор циклус студии

| On 09, Nov 2018

Конкурсот е наменет за студентите запишани на втор циклус на студии, на студиските програми во УКИМ-ИЗИИС, во учебната 2018/2019 г. кои имаат државјанство на Р. Македонија и среден успех од прв циклус на студии поголем од 8.0.

Стипендијата која е се доделува е во износ еквивалентен на трошоците за студирање на вториот циклус.

Студентот корисник треба да ги заврши студиите и да ја одбрани магистерската теза во рок најдоцна од 6 месеци по завршувањето на студиската програма. Во спортивно студентот треба да ја врати стипендијата, односно да ги плати трошоците за студирање согласно објавениот конкурс за упис.

Конкурсот е отворен до 19.11.2018 година.

Потребни документи:

  • мотивациско писмо
  • државјанство
  • среден просек од прв циклус на студии

Документите да се достават по пошта или лично во плик ( со назнака “пријава за стипендирање за втор циклус“ ) во архивата на ИЗИИС, најдоцна до 16-11-2018 г.