Image Image Image Image Image Image Image Image Image Image
Scroll to top

Top

Конкурс за стипендирање на студенти на трет циклус студии

Конкурс за стипендирање на студенти на трет циклус студии

| On 14, Nov 2018

Конкурсот е наменет за студентите запишани на трет циклус студии на студиската програма од областа на земјотресното инженерство на УКИМ-ИЗИИС во учебната 2018/2019 год.

Стипендијата која се доделува е во износ еквивалентен на трошоците за студирање на третиот циклус. Заинтересираните кандидати треба да ги задоволат следните услови:

  1. среден просек од втор циклус на студирање поголем од 9.0
  2. меѓународно публикување на трудови и учество во научноистражувачки и апликативни проекти од опласта на земјотресното инженерство

Студентот корисник на оваа стипендија треба да ги заврши студиите и да го одбрани докторскиот труд во рок од 4.5 (четири и пол) години од запишувањето на студиите. Во спротивно студентот треба да ја врати стипендијата, односно да ги плати трошоците за студирање согласно објавениот конкурс за упис.

Конкурсот е отворен до 23.11.2018 година. Заинтересираните кандидати треба да ги достават наведените потребни документи:

  • CV и референтна листа согласно точка (2) од суловите
  • мотивациско писмо
  • државјанство
  • среден просек од втор циклус на студирање

Документите да се достават по пошта или лично во плик (со назнака “пријава за стипендирање за трет циклус“) во архивата на ИЗИИС, најдоцна до 23-11-2018 г.

Next Story

This is the most recent story.